Линкови за пристапност

Тропската бура Јулија зема замав кон бреговите на Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала


Локалните власти објавија дека од невремето има најмалку три смртни случаи во Хондурас
Локалните власти објавија дека од невремето има најмалку три смртни случаи во Хондурас

Тропската бура Јулија се интензивира над источниот дел на Пацификот во неделата вечерта, откако ја погоди Никарагва со дожд и ветрови кои оштетија стотици домови, но не остави жртви во таа земја, според владини претставници.

Локалните власти објавија дека од невремето има најмалку три смртни случаи во Хондурас, вклучително и една млада жена и четиригодишно момче кои загинаа откако во саботата вечерта откако се преврте брод во близина на границата со Никарагва, како и една 22-годишна жена која била однесена од надојдени води на северот.

Невремето го зафати карипскиот брег на Никарагва рано во неделата во близина на Лагуна де Перлас, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Според Центарот, во понеделник се очекува да се движи и интензивира кон север по должината на бреговите на Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала.

XS
SM
MD
LG