Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден денес ќе одат во Флорида за да ја испитаат штетата од ураганот Ијан и да се сретнат со државните и локалните лидери за да разговараат за напорите за закрепнување.
Белата куќа соопшти дека ќе разговараат и со жителите и сопствениците на мали бизниси за време на посетата на Форт Мајерс, една од областите најтешко погодени минатата недела.
Меѓу официјалните лица со кои ќе се сретне Бајден, е и гувернерот на Флорида, републиканецot Рон Десантис.
Десантис вчера го пофали одговорот на федералната влада, особено Федералната агенција за управување со вонредни состојби и раната декларација за катастрофи, што му овозможи на персоналот за помош и закрепнување од невремето да продолжи „со полна пареа“.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, им рече на новинарите дека не е време лидерите да разговараат за нивните разлики.
„Кога станува збор за испорака и обезбедување на луѓето од Флорида да го имаат она што им треба, особено по ураганот Ијан, ние сме едно. Работиме како едно“, рече Жан-Пјер.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс