Линкови за пристапност

Бројот на загинати во ураганот Ијан достигна 85 лица


Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе отпатуваат во Флорида в среда
Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе отпатуваат во Флорида в среда

Бројот на загинати од ураганот Ијан во САД достигна 85 лица.
Гувернерот на Флорида Рон Десантис изјави дека 42.000 лица се распоредени да работат на повеќе од 840.000 прекини на струја. Тој рече дека стручњаците веќе ја вратиле струјата на повеќе од 1,8 милиони лица.

Повеќе од 1.600 луѓе беа спасени за време на ураганот, вработените во итната помош одат од врата до врата во потрага по преживеани.

Кејси Десантис, сопругата на гувернерот, објави дека Фондот за катастрофи на Флорида собрал повеќе од 21 милион долари за 48 часа.

Фондот, соопшти канцеларијата на гувернерот, е „официјален приватен фонд на државата Флорида основан за да обезбеди финансиска помош на нашите заедници додека тие реагираат и закрепнуваат од моменти на вонредна состојба или катастрофа“.

Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе отпатуваат во Флорида в среда.

Дел од информациите во текстот се преземени од агенцијата Франс-прес

XS
SM
MD
LG