Линкови за пристапност

Напорите за опоравување од ураганот Ијан продолжуваат во Флорида, пријавени повеќе од 100 смртни случаи


Повеќе од 500.000 домови и деловни објекти во Флорида останaa без електрична енергија речиси една недела откако ураганот Ијан ја погоди југоисточната американска држава.

Ијан ја погоди Флорида на 28 септември како бура од четврта категорија со максимални ветрови од 240 километри на час и остави повеќе од два милиони жители низ државата без струја. Официјални лица од комуналните претпријатија велат дека најверојатно во петок или сабота ќе се воспостави електричната енергија на најмалку 95 отсто од нејзините корисници.

Повеќе од 1.500 луѓе се спасени додека екипите за пребарување и спасување се вклучени во макотрпна потрага од врата до врата по жртви меѓу уништените домови и згради. Бројот на загинати во САД од Ијан се искачи на повеќе од 100 луѓе од Флорида до државата Северна Каролина, а најголемиот дел од жртвите се во Флорида. Повеќе од 50 смртни случаи беа пријавени во округот Ли на Флорида, кој го понесе најголемиот товар од ураганот Ијан кога удри на брегот. Ројтерс вели дека уште 21 смртни случаи биле пријавени од државни службеници од девет други окрузи.

Четири смртни случаи во САД беа пријавени во Северна Каролина.

Округот Ли ги вклучува тешко погодените области Форт Мајерс и Санибел и Пајн Острови. Двата острови се отсечени од копното откако Ијан ги уништи единствените мостови што ги поврзуваа.

Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе отпатуваат за Флорида во среда. Семејството Бајден го посети Порторико во понеделникот за од прва рака да го погледне уништувањето од ураганот Фиона, кој го погоди островот само неколку дена пред појавата на ураганот Ијан.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG