Кралската шведска академија на науките денес објави дека тројца научници ја добиле Нобеловата награда за хемија за „развој на клик хемија и биоортогонална хемија“.
Наградата од 900.000 долари подеднакво им припаднаа на Керолин Бертози и Бери Шарплес од САД, и Мортен Мелдал од Данска.
За Шарплес, тоа е негова втора Нобелова награда за хемија откако му беше доделена прва во 2001 година.
Нобеловата награда за медицина и за физика беа доделени претходно оваа недела, а наградата за литература и за мир треба да бидат објавени в четврток и в петок.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, агенцијата Франс- прес и Ројтерс