Линкови за пристапност

Шведски научник ја доби Нобеловата награда за медицина за проучување на еволуцијата на човекот


Сванте Пабо ја доби наградата за декодирање на ДНК на неандерталец
Сванте Пабо ја доби наградата за декодирање на ДНК на неандерталец

Годинешната Нобелова награда за медицина му беше доделена на шведски научник Сванте Пабо за декодирање на ДНК на неандерталец. Во соопштението денес се вели дека Пабо е награден „за пионерството на нов пристап за проучување на нашата еволутивна историја“.

67-годишниот Швеѓанец ги надмина екстремните технички предизвици за ракување со кревки, древни примероци на ДНК, за да успее да ја добие секвенцата на геномот, соопшти организацијата.

Работата на Пабо докажа дека хомо сапиенсот, неандерталците и денисованите се мешале „за време на периоди на коегзистенција“, што резултирало со вклучување на архаична ДНК кај денешните луѓе.

Наградата за медицина е првата од петте што ќе се доделат оваа недела, а ќе кулминира со Нобеловата награда за мир в петок.

Наградата за економија следи на 10 октомври. Тоа е единствената награда што не е создадена по волја на шведскиот пронаоѓач Алфред Нобел.

Официјалната церемонија на доделување на Нобеловата награда ќе се одржи во декември во Стокхолм.

XS
SM
MD
LG