Линкови за пристапност

Тројца научници од Франција, САД и Австрија добија Нобелова награда за физика


Шведската кралска академија на науките денес објави дека тројца научници ја добиле овогодинешната Нобелова награда за физика за „пионерска квантна механика“.

Академијата соопшти дека Ален Аспект од Франција, Џон Клаузер од САД и Антон Цајлингер од Австрија извршиле „револуционерни експерименти користејќи заплеткани квантни состојби, каде што две честички се однесуваат како една единица дури и кога се разделени“.

Нивната работа овозможила развој на нова технологија, велат од академијата.

„Квантната механика е енергична и брзо развиена област“, рече Ева Олсон, член на Нобеловиот комитет. „Тоа има широки и потенцијални импликации во области како што се безбеден трансфер на информации, квантно пресметување и технологија за сензори“.

Тројцата научници ќе ја поделат паричната награда од 900.000 долари.

Нобеловата награда за медицина беше објавена во понеделник. Наградата за хемија ќе биде доделена во среда, наградата за литература во четврток и Нобеловата награда за мир ќе биде објавена во петок.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG