Експертот Џош Рудолф од Германскиот Маршалов фонд во интервју за српската редакција на Гласот на Америка ги коментира последните наводи дека Русија потрошила најмалку 300 милиони долари за да влијае врз политиката во повеќе од дваесетина земји од 2014 година, според нов де-класифициран извештај на американските разузнавачки агенции, кој предупредува дека официјален Кремљ не завршил со плановите - со пари да изврши влијание.
Парите, префрлени до политичките партии и кандидатите на најмалку четири континенти преку различни компании.
Американскиот виш претставник запознаен со разузнавачките податоци, рече дека земјите што се опфатени во напорите за тајно финансирање на Русија ги вклучуваат Албанија, Босна, Црна Гора, Белгија и Мадагаскар.
Повеќе, детали: https://securingdemocracy.gmfus.org/wp-content/uploads/2020/08/Covert-Foreign-Money-Policy-Brief.pdf
Иако, не се споменува во извештајот, тој ја наведе Македонија.
„Кога земјите прават планови за влез во НАТО како што видовме во случаите со Црна Гора и Северна Македонија, особено во случајот со Северна Македонија, имаше грчки олигарх со врски со Русија, кој ги финансираше протестите против промена на името на Северна Македонија и тоа го правеше и на двете страни на границата. Американската влада им ги пренесе на официјална Атина сознанијата и ги охрабри при што преземаа акција и објавија информации за тоа. И мислам дека тоа е за поздравување, тоа е силен потег, сличен на агресивниот пристап кон декласификација што го видовме во текот на изминатата година во однос на војната во Украина, откривајќи ја тајната на Кремљ за контролирање на наративот и повторно оцрнување на разни видови на операции.
Според Рудолф, има докази дека имало масивно руско влијание и изминатата деценија.
„Значи, тоа е она каде што ние исто така имаме докази дури и во деценијата што водеше до тоа руско злобно влијание, во тогашна Македонија, на пример, преку гасоводи и културни центри и Православни цркви и финансирање медиуми. Тие беа многу фокусирани - на тоа однапред. Претпоставувам, а потоа имаше и друг дел, а тоа е дека Русија ја поддржуваше националистичката политичка партија дека лидерот мораше да избега од земјата, откако беше обвинет за перење пари и изнуда. Така тие беа многу активно вклучени таму. А потоа, кога дојде до одлуката дали да се смени името и повторно да се приклучи на НАТО, започна една од овие мултифакторски кампањи за мешање, социјалните медиуми со стотици веб-страници и профили на Фејсбук кои потекнуваат надвор од земјата, малициозни сајбер активности“, наведува Рудолф во интервјуто за српската редакција на Гласот на Америка.
Тој потсетува дека „Кремљ го поврзал олигархот од Грција кој тајно ги финансирал насилните протести против промената на името во тогашна Македонија и зголемувањето напнатоста на двете страни од границата“.
Руското глобално мешање со милиони долари не запира и може само да се интензивира во време на воен конфликт, како што е случајот со Украина.
„Мислам дека беше долгорочен интерес од Кремљ, како што зборувавме една деценија или две, и секако зголемено внимание за време на овие моменти, кога дека една земја одлучува дали да се приклучи на НАТО“, вели Рудолф и предупредува дека тоа не е карактеристично само за Балканот, но пошироко во Европа, кога Путин одлучи да војува во Украина, тој исто така има тенденција да се обиде многу по-проактивно да влијае.
„Влијание врз политичката и информациската средина во Европа го видовме во 2014 година кога Путин го припои Крим. Мислам дека тоа е уште една причина зошто владата во Москва реагира проактивно и има намера да има повеќе пари во наредните месеци, за ширење на нејзиниот наратив“, додава експертот од Германскиот маршалов фонд, коментирајќи го обидот на Москва да го шири своето влијание преку пари, префрлени до политичките партии и кандидатите на најмалку четири континенти преку различни компании.