Русија потрошила најмалку 300 милиони долари за да влијае врз политиката во повеќе од дваесетина земји од 2014 година, според нов де-класифициран извештај на американските разузнавачки агенции, кој предупредува дека официјален Кремљ не завршил со плановите - со пари да изврши влијание.
Парите, префрлени до политичките партии и кандидатите на најмалку четири континенти преку различни компании.
„Ова се минимални бројки“, рече виш претставник на американската администрација кој разговараше со новинарите во вторникот под услов да остане анонимен за да разговара за разузнавањето.
Гласот на Америка испрати барање до руската амбасада во Вашингтон за коментар.
„Русија, најверојатно, префрлила дополнителни средства тајно и во случаи што останале неоткриени“, додаде вишиот претставник, предупредувајќи дека војната во Украина може да ја поттикне Москва да ги зголеми напорите за финансирање политички партии и кандидати за „поткопување на меѓународните санкции и одржување на своето влијание околу светот."
https://twitter.com/jseldin/status/1569787675413979139?s=20&t=OecERr8z0li6fKsXPh8tCQ
Во извештајот од американското разузнавање, завршен во анализите во текот на изминатите неколку месеци, заклучи дека руските напори драстично се зголемиле почнувајќи од 2014 година, ширејќи се од Европа до Африка и Америка.
Американскиот виш претставник запознаен со разузнавачките податоци, но не е овластен да зборува јавно за доказите, рече дека земјите што се опфатени во напорите за тајно финансирање на Русија ги вклучуваат Албанија, Босна, Црна Гора, Белгија и Мадагаскар.
Во барем еден случај, Русија употребила, преку разни канали, или посредници, префрлање пари кон ултра -десничарски националистички партии. Како прв чекор, рекоа американските официјални лица, Стејт департментот издал барања до 110 земји и ги споделуваат наодите, при што ќе ги разгледаат чекорите што земјите можат да ги преземат за да се спротивстават на напорите на Русија.
Дополнително, американските разузнавачи приватно информираат одредени земји чии избори и политички процеси биле конкретно мета на руската кампања.
Наводите на американското разузнавање не ја разгледа конкретно руската активност во САД, но со оглед на тоа што делумните конгресни избори треба да се одржат за помалку од два месеци, официјалните лица предупредија дека дури ни Вашингтон не е имун од влијанијата.
„Нема сомнеж дека и ние имаме ранливост и дека руското тајно политичко влијание претставува голем предизвик“, рече вишиот американски претставник.
Некои американски официјални лица почнаа да потсетуваат дека уште на крајот на 2014-та, Русија, на чело со претседателот Владимир Путин, играла опасна игра со вклучување и охрабрување на националистички групи низ Европа.
https://twitter.com/jseldin/status/530071465216188417?s=20&t=4EhrZ0AoZB7NDFQ5kk6-Rw
До 2018 година, естонската служба за надворешно разузнавање и другите западни разузнавачки агенции исто така алармираат за такви чекори.
„Откривме мрежа на политичари, новинари, дипломати, бизнисмени кои се всушност агенти на руското влијание и кои го прават она што им е кажано да го прават“, изјави Мик Маран, шефот на естонската разузнавачка агенција за време на безбедносниот Форум во Аспен.
Естонската разузнавачка агенција предупреди дека официјален Кремљ ја усовршува својата книга за игри низ Европа, барајќи екстремни политички групи, и од екстремната десница и од екстремната левица, и нудејќи пари, совети или деловни можности дизајнирани да им помогнат на групите и нивните кандидати.
Политичарите кои беа на маргините на локалната политика пред неколку години се всушност сега во националните парламенти или националните влади“, рече тогаш Маран.
https://www.voanews.com/a/networks-of-operatives-pushing-russian-agenda-in-west/4492266.html
Двопартиски извештај од 2020-та на Комисијата за разузнавање на Сенатот на САД заклучи дека Москва користела организирана мрежа од оперативци и активни мерки за да придобие членовите на кампањата на поранешниот претседател Доналд Трамп, во некои случаи, оставајќи ја администрацијата отворена за манипулации.
Извештајот објавен истиот месец од Џош Рудолф од Алијансата за обезбедување на демократијата заклучи дека, дури и тогаш, САД станаа најчеста мета. Тој извештај, исто така, покажа дека Русија не е сама и дека Кина и неколку други земји исто така почнале да ја копираат руската тактика.
„Сигурно ги гледате во Тајван и Хонг Конг, но потоа и во развиените демократии на Австралија и Нов Зеланд“, изјави Рудолф за Гласот на Америка.
„Сè повеќе, тие се обидуваат да одат подалеку, без разлика дали се работи за Чешка или Чад или Кенија, или во некои ограничени случаи, за финансирање реклами или медиумски операции кои влијаат на САД“, вели тој.
https://securingdemocracy.gmfus.org/covert-foreign-money/
Гласот на Америка испрати барање до кинеската амбасада во Вашингтон за коментар.
И додека примателите на тајното финансирање може да се негираат, истражувачите и виши американските лица, веруваат дека повеќето од нив, биле свесни за постапките.