Линкови за пристапност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети ослободениот град Изум


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети градот Изум каде што се сретна со војниците и им се заблагодари за нивните напори за враќање на областа, заземена од руските сили минатата недела.

„Нашите војници се тука. Тоа е многу важна работа. Ги поддржуваа луѓето“, рече Зеленски. „Тоа значи дека со нашата војска, го враќа животот.“, рече Зеленски.

Украинските сили повторно зазедоа големи области во регионот Харков во североисточна Украина додека спроведуваа контраофанзива седум месеци откако Русија ја започна својата инвазија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека ќе отпатува в среда за да се сретне со Зеленски во Киев за да разговара за европската поддршка за Украина.

Фон дер Лајен рече дека „солидарноста на Европа со Украина ќе остане непоколеблива“. „Овде стојам со убедување дека со потребната храброст и потребната солидарност, Путин ќе пропадне и Европа ќе победи“, рече таа во своето обраќање за состојбата на Европската унија.

Фон дер Лајен ја нарече руската војна во Украина „автократија против демократијата“ и рече дека санкциите наметнати против Русија „се тука да останат“. „Ова е време да покажеме решителност, а не смирување“, рече таа.

Британското Министерство за одбрана во средата соопшти дека Русија најверојатно користела иранско летало без екипаж за прв пат, додека Украина објави дека соборила беспилотно летало од Иран.

XS
SM
MD
LG