Линкови за пристапност

Ако Путин успее во Украина, тоа може да биде сигнал за Западен Балкан, велат аналитичари


Украинската криза и влијанието врз Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:16 0:00

Овие ставови беа изнесени на меѓународна конференција, „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“, која неодамна се одржа во Охрид

Регионот на Западен Балкан во периодот кој што следува треба да биде внимателен, не само поради економската криза, туку и поради можни несакани безбедносни ризици како резултат на војната во Украина, вели за Гласот на Америка универзитетскиот професор од Црна Гора Мехмедин Тахирович.

Целите на рускиот претседател, Путин не се краткорочни и не се од мал обем, вели тој.

„Тие се зацртни со неговата доктрина. Путин сака да го контролира неговото опкружување, но и оние држави со кои имаат одредена поврзаност во пансловенски облик, но и од аспект на историјата и минатото. Тоа се неговите амбиции. Не му излезе по планот онака како што очекуваше дека бргу ќе заврши војната со Украина и сега се влегува во процес на долготрајна војна. ЕУ се обедини, наместо да се разедини, како што тој очекуваше. САД најдоа консензус со ЕУ, наместо да биде спротивното, како што очекуваше“, рече тој.

Тахирович смета дека Северна Македонија, Црна Гора и БиХ се најранливи во тој поглед.

„Мислам на одредени територијални претензии и национална негација, кога се во прашање овие три држави. Оние мапи кои беа пласирани минатата година од страна на одредени субјекти во регионот можат да бидат основа за нови амбиции. И во тоа е клучот на рефлексијата на украинскиот проблем. И ако Путин успее со Украина, тоа може да биде сигнал за одредени држави во нашиот регион да тргнат по неговиот пат. Се разбира со негова помош. Ако Путин не успее, тогаш ќе се обиде да го пренесе жариштето на некое друго место. Затоа мора да бидеме паметни и вниматели, да бараме решение како да избегнеме конфликт“, вели

Директорот на Центарот Џорџ Маршал, вели дека засега тешко може да се предвиди какви ќе бидат понатамошните последици од војната во Украина. Тој вели дека интеграцијата на регионот во ЕУ е инстументот со кој може да се одговори на руските закани.

„Русија не ги користи ресурсите само против една земја, туку ги користи против сите земји во регионот. И она што можеме да го направиме е преку соработка да делуваме во борбата против т.н влијанија на сива зона, односно да ги искористиме нашите ресурси за да може да ги спречиме тие хибирдни закани кои Русија моментално ги насочува кон регионот“, вели Бар Сигин, директор на Џорџ Маршал центар.

Во контекст на украинската криза, можни се повеќе сценарија, кои не чекаат вели Моника Бегович, претседател на Атланскиот совет на Хрватска.

„Но можам да кажам дека ЕУ и НАТО ги вложуваат сите свои сили и напори, како би им помгнале на земјите-членки, во однос на сите можни сценарија кои не` очекуваат. НАТО во безбедносна смисла, ЕУ во енергетска и економска смисла, вели таа.

Но безбедносниот аналитичар Елмас Хасановиќ, не очекува да дојде до дестабилизација на регионот.

„Руското влијание било присутно и ќе биде присутно, бидејки тие ги зајакнуваат своите хибридни закани и даваат подршка кон т.н патриотски здруженија, работат на теренот. Но сметам дека нивното влијание е на некој начин оневозможено со нашето членство во НАТО“, смета Хасановиќ.

Овие ставови беа изнесени на меѓународна конференција, „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“, која неодамна се одржа во Охрид.

XS
SM
MD
LG