Линкови за пристапност

Адвокатите на Трамп бараат да му се забрани на ФБИ да ги користи доверливите документи


Одделот за правда вели дека без користење на документите, агентите на ФБИ нема да можат да ја унапредат месечната истрага со испрашување сведоци и развивање други докази
Одделот за правда вели дека без користење на документите, агентите на ФБИ нема да можат да ја унапредат месечната истрага со испрашување сведоци и развивање други докази

Адвокатите на поранешниот претседател Доналд Трамп побараа судија да му забрани пристап на Одделот за правда до повеќе од 100 доверливи документи запленети од Мар-а-Лаго во Флорида, како дел од истрагата за постапувањето на Трамп со владините досиеја.

Одделот за правда вели дека без користење на документите, агентите на ФБИ нема да можат да ја унапредат месечната истрага со испрашување сведоци и развивање други докази.

Губењето на пристапот до доверливите документи, исто така, води до запирање на проценката на разузнавачката заедница за безбедносниот ризик од нивното складирање во Мар-а-Лаго, откри Одделот за правда минатата недела.

Американскиот окружен судија Ајлин Канон минатата недела нареди назначување специјално лице кое ќе ги прегледа документите и му забрани на Одделот за правда да ги користи записите за „криминални истражни цели“ додека тој преглед е во тек.

Тврдејќи дека запленетите доверливи документи ѝ припаѓаат на владата, минатиот четврток Одделот за правда побара од Канон да им се дозволи на агентите пристапот до некласифицираните документи.

Според американскиот закон, претседателските досиеја припаѓаат на владата и мора да бидат предадени на Националниот архив на крајот од мандатот на лидерот. Трамп ја напушти функцијата во јануари 2021 година.

Тој ја критикуваше потрагата во август како без преседан и непотребна, велејќи дека соработува со федералните агенции. Неговите адвокати побараа од федералниот судија да назначи специјално лице кое ќе провери дали запленетите документи вклучуваат некакви привилегирани информации.

Одделот за правда рече дека на Трамп му било дадено многу време да ги исполни барањата да ги врати владините досиеја и дека специјален тим во Одделот веќе ја завршил работата за филтрирање на секој привилегиран материјал.

XS
SM
MD
LG