Линкови за пристапност

Дивиот свет и вегетацијата во националните паркови во САД може да исчезнат до крајот на векот, предупредуваат научниците


И Националниот парк Јелоустоун во западниот дел на САД е во ризик поради климатските промени
И Националниот парк Јелоустоун во западниот дел на САД е во ризик поради климатските промени

Американските национални паркови се во опасност поради климатските промени и луѓето треба да преземат акција за да ги заштитат, рече Брендан Камингс, директор за заштита при Центарот за биолошка разновидност, непрофитна организација која работи на заштита на загрозените видови.

Научниците предупредуваат дека ако затоплувањето продолжи со сегашното темпо, голем дел од дивиот свет и вегетацијата во парковите се во опасност да исчезнат до крајот на векот.

„Климатските промени се најголемата закана со која се соочиле националните паркови. Тие се загреваат со двојно поголема стапка од остатокот од земјата“, објави Здружението за зачувување на националните паркови на својата веб-страница.

Во целата земја, еден од најголемите проблеми е водата, понекогаш премногу, предизвикувајќи поплави, или премалку, предизвикувајќи суша и пожари.

Националниот парк Јелоустоун во западниот дел на САД е познат по дивиот свет, живописните топли извори и планинските венци.

И овој парк се соочи со уништување како последица на климатските промени.

XS
SM
MD
LG