Претседателот на САД Џо Бајден денес ќе потпише извршна наредба за заштита на некои од најголемите и најстарите дрвја во земјата. Бајден одлучи да ја потпише наредбата денес, кога се одбележува Денот на планетата Земја.
Потпишувањето ќе биде во осјузната држава Вашингтон, а наредбата ќе предвидува Шумската служба, Бирото за управување со земјиште и Службата за национални паркови, да ги идентификуваат заканите за постарите дрвја, како што се шумските пожари и климатските промени, како и да развијат политики за нивна заштита.
Старите дрвја се сојузник во борбата против климатските промени бидејќи апсорбираат големи количини јаглерод диоксид, кој придонесува за глобалното затоплување.
Научниците велат дека црвените шуми се меѓу најефикасните можности во светот за отстранување и складирање на јаглерод диоксид. Илјадници американски црвени дрвја се уништени во последниве години.
Наредбата на Бајден ќе бара од федералните менаџери на земјиштето да дефинираат и избројат зрели и стари шуми на национално ниво во рок од една година.
Целата на мерката е да се заштитат шумите од пожари, суша и лошо влијание во последниве години.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс