Линкови за пристапност

САД ќе бидат силен партнер во поддршката на Северна Македонија кон пристапување во ЕУ


Ескобар: За САД, прашањето за јазикот и културниот идентитет на Северна Македонија не е прашање. Ја повикуваме Северна Македонија да продолжи со конструктивен дијалог со своите соседи
Ескобар: За САД, прашањето за јазикот и културниот идентитет на Северна Македонија не е прашање. Ја повикуваме Северна Македонија да продолжи со конструктивен дијалог со своите соседи

Вашингтон ќе остане партнер и силен поддржувач на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија – уверуваат високи американски дипломати. Повикот до Скопје е, по надминувањето на бугарската блокада и почетокот на преговорите за членство, да се продолжи со конструктивниот пристап со соседите. „За САД прашањето за македонскиот јазик и иднетитет не е прашање“ - порача заменикот помошник државен секретар, Габриел Ескобар, на брифингот посветен на случувањата на Западен Балкан.

Северна Македонија е извонреден билатерален партнер и одличен НАТО сојузник. Таа порака ја повторивме за време на Стратешкиот дијалог со Северна Македонија овој јуни.
Ескобар, Стејт департмент

„Северна Македонија е извонреден билатерален партнер и одличен НАТО сојузник. Таа порака ја повторивме за време на Стратешкиот дијалог со Северна Македонија овој јуни. Нашата позиција која се темели на нашето искуство е дека Северна Македонија е одличен партнер, лојален пријател и силен контрибутор за трансатлантската заедница. Граѓаните на Северна Македонија се Европејци, тие културолошки гледано се Европејци... Во однос на придвижувањето кон ЕУ би рекол дека земјата си го заслужи правото да напредува во тој процес – беа преземени и се преземаат тешки реформи. За САД прашањето за јазикот и културниот идентитет на Северна Македонија не е прашање. Ја повикуваме Северна Македонија да продолжи со конструктивен дијалог со своите соседи и колку може побрзо да се движи низ процесот на пристапување во ЕУ. Ние ќе бидеме силен партнер во поддршката на Северна Македонија во тој процес.“, изјави Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД.

Брифинг на Ескобар за Западен Балкан
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Повика на смирување на неодамнешните тензии на северот од Косово и инсистира на продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Ескобар смета дека Русија се обидува да влијае на случувањата во регионот, но дека во таквите настани посериозно е, како што го нарече, дестабилизирачкото влијание на локалните политичари и играчи.

Русија се обидува да одигра улога, но таа улога не е толку важна како дестабилизирачките однесувања на некои политичари и актери кои оперираат во рамките на самиот Западен Балкан.
Ескобар, Стејт департмент

„Би рекол дека, со мали исклучоци, она што се случува на Балканот е резултат на фактори на самиот Балкан. Она што се случува на северот на Косово е работа на двете земји и затоа е важно лидерите на двете земји да се сретнат во Брисел и под покровителство на процесот што го води ЕУ и да ги разрешат разликите на северот. Русија се обидува да одигра улога, но таа улога не е толку важна како дестабилизирачките однесувања на некои политичари и актери кои оперираат во рамките на самиот Западен Балкан.“, изјави Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД.

Пораката на САД е дека меѓународната заедница нема да дозволи нова војна во Босна и Херцеговина и затоа Ескобар побара воздржаност во изјавите на сите страни. Најави дека овие пораки до регионот дирекно ќе ги пренесе за време на неговата скорешна посета на Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG