Линкови за пристапност

Неколку комерцијални бродови со жито чекаат да испловат од Одеса


Поларнет ќе носи 12.000 метрички тони пченка кон Карасу, во северозападна Турција, а Ројен, кој носи повеќе од 13.000 метрички тони пченка, се упатува кон Британија.
Поларнет ќе носи 12.000 метрички тони пченка кон Карасу, во северозападна Турција, а Ројен, кој носи повеќе од 13.000 метрички тони пченка, се упатува кон Британија.

Заедничкиот координативен центар, кој го надгледува спроведувањето на договорот со посредство на ОН и Турција за испорака на комерцијални бродови со украинско жито на светските пазари, во четвртокот изјави дека во петок се очекува да испловат уште три брода.

Првиот брод „Разони“ тргна во понеделникот од Одеса и е на пат за Либан со товар пченка. „Навистар“ ќе биде вториот брод што ќе отплови од Одеса, со 33.000 метрички тони пченка наменети за Ирска.

Координативниот центар ЗКК, кој го сочинуваат претставници од Украина, Русија, Турција и Обединетите нации, исто така одобри заминување на два брода во петок од пристаништето Чорноморск.

Поларнет ќе носи 12.000 метрички тони пченка кон Карасу, во северозападна Турција, а Ројен, кој носи повеќе од 13.000 метрички тони пченка, се упатува кон Британија.

Вкупните 58.000 метрички тони жито е мал дел од повеќе од 20 милиони метрички тони во украинските силоси и на трговските бродови кои чекаат да ја напуштат земјата.

ОН велат дека има околу 28 бродови кои чекаат да заминат од украинските пристаништа.

XS
SM
MD
LG