Линкови за пристапност

Треба да спречиме војната во Украина да стане конфликт меѓу НАТО и Русија, рече Столтенберг


Генералниот секретар на НАТО рече дека светот ќе биде поопасно место ако Русија победи во војната во Украина
Генералниот секретар на НАТО рече дека светот ќе биде поопасно место ако Русија победи во војната во Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес изјави дека западната воена алијанса има задача да ја поддржи Украина во нејзината борба против руската инвазија, но и да спречи конфликтот да се прошири во војна меѓу Русија и НАТО.

Столтенберг вели дека НАТО има морална одговорност да ги поддржи Украина и украинскиот народ кои се подложени на воена агресија.

„Гледаме војна, напади врз цивили и уништување што не се забележани од Втората светска војна. Не можеме да бидеме рамнодушни кон ова “, рече Столтенберг.

Тој додаде дека светот ќе биде поопасно место ако рускиот претседател Владимир Путин го добие она што го сака преку употреба на воена сила.

„Ако Русија победи во оваа војна, тој ќе има потврда дека насилството функционира. Потоа може да бидат следни други соседни земји“, рече Столтенберг.

Украинската војска дене соопшти дека руските сили гранатираат повеќе области во Украина, додека британското Министерство за одбрана соопшти дека украинските сили користат проектили и артилериски напади кои веројатно ќе имаат големо влијание врз напорите на Русија за снабдување и поддршка на нејзините сили.

Руското министерство за одбрана денес потврди дека руските сили биле во офанзива. Оттаму велат дека им нанеле големи загуби на украинските сили околу Авдијивка и две други локации во провинцијата Доњецк, принудувајќи ги пешадиските единици на Киев да се повлечат, објави Ројтерс, но нагласува дека информациите не биле назависно потврдена од страна на агенцијата.

Во Њујорк, пак, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека организацијата бара начини да ја олесни глобалната енергетска криза предизвикана од војната.

XS
SM
MD
LG