Линкови за пристапност

Бајден повторно позитивен на коронавирус

Откако неколку дена беше негативен, Бајден повторно доби позитивен тест на вирусот,  што неговиот лекар Кевин О’Конор рече дека се случува кај „мал процент на пациенти“ на кои им бил препишан лекот Паксловид

Американскиот претседател Џо Бајден повторно беше позитивен на тестот за ковид-19 вчера, но и понатаму се чувствува добро, објави неговиот лекар Кевин О’Конор.

Тој продолжува да се изолира во во Белата куќа.

О’Конор рече дека претседателот е внимателен да ги заштити вработените во Белата куќа, безбедносните агенти на Тајната служба и другите кои треба да бидат во релативно близок контакт со него.

Откако неколку дена беше негативен на коронавирусот, Бајден повторно доби позитивен тест на вирусот, што О’Конор рече дека се случува кај „мал процент на пациенти“ на кои им бил препишан лекот Паксловид за да ја лекуваат нивната прва инфекција на коронавирус.

XS
SM
MD
LG