Претседателот на САД Џо Бајден добро закрепнува откако беше тестиран позитивен на ковид-19 минатата недела, изјави вчера неговиот лекар Кевин О`Конор.
Во соопштението што го објави, О`Конор рече дека „симптомите на Бајден продолжуваат значително да се подобруваат“, а оти воспаленото грло е главниот преостанат симптом.
Тој рече дека воспаленото грло на Бајден е веројатно поради „активирањето на лимфата додека неговото тело го чисти вирусот“, нарекувајќи го развојот охрабрувачки.
О`Конор вели дека првичните симптоми на претседателот, вклучително и течење на носот, кашлица и болки во телото се „значително се намалени“, додека неговиот пулс, крвен притисок, фреквенција на дишење и температура остануваат нормални.
Тој рече дека Бајден ќе продолжи да зема Паксловид, а претседателот продолжува да се изолира во Белата куќа во согласност со препораките на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ).