Линкови за пристапност

Во јули регистрирани најлошите пожари досега, вели ЕУ


Експертите велат дека пожарите се резултат на климатските промени и како што климатските промени напредуваат, пожарите ќе се влошуваат
Експертите велат дека пожарите се резултат на климатските промени и како што климатските промени напредуваат, пожарите ќе се влошуваат

Шумските пожари ширум Европа започнуваат порано во годината, почести се и потешко се запираат. Експертите велат дека пожарите се резултат на климатските промени и како што климатските промени напредуваат, пожарите ќе се влошуваат.

Европската Унија соопшти дека во јули 2022 година се забележани најлошите пожари досега. Површината што изгоре е трипати зголемена само оваа година.

Австралискиот парламент се состана за првпат по изборите во мај за да разговара за намалување на емисијата на јаглерод. Новиот премиер Ентони Албанес сака емисиите да се спуштат на 43 проценти под нивото од 2005 година.

Предлог-законот со кој се предвидува намалување на емисиите веќе помина во Домот и сега треба да помине во Сенатот.

Научниците од Универзитетот во Пиза во Италија развиваат роботи кои ќе помогнат во следењето на животната средина. Полуавтономните роботи може да се користат за истражување на растенијата и следење на штетата на животната средина предизвикана од животни, како што се дивите свињи.

Роботите можат да се користат и во вода и можат да нуркаат до 1.000 метри.

XS
SM
MD
LG