Линкови за пристапност

Се откажуваат огномети за Денот на независноста поради ризик од шумски пожари


Пожарникарите во некои американски градови, пак, се загрижени дека откажувањето на локалните прослави може да ги поттикне луѓето сами да купуваат огномети
Пожарникарите во некои американски градови, пак, се загрижени дека откажувањето на локалните прослави може да ги поттикне луѓето сами да купуваат огномети

Дел од градовите во западите сојузни држави во САД трета година по ред ќе останат без огномети за Денот на незавиноста бидејќи тие се откажани поради загриженоста од шумските пожари во услови на суво време, објави Асошиетед прес.

Според некои, проблемот со снабдување производи како последица на пандемијата е причина за откажување на огнометите.

Кина го произведува најголемиот дел од огнометите што се распрскуваат во воздух во блескави и шарени бои во различни форми.

Недостатокот не лежи во производството, рече Џули Хекман, извршен директор на Американското здружение за пиротехника, туку во метежот на американските пристаништа.

Низ западната половина на државата, градовите ги запираат прославите поради заканата од шумски пожари.

Флагстаф, град во северна Аризона, ќе ја спроведе својата годишна парада за Денот на независноста низ историскиот центар на градот, но стандардното пиротехничко шоу ќе се замени со ново ласерско светлосно шоу.

Три големи шумски пожари го зафатија планинскиот град само оваа пролет, што предизвика стотици луѓе да се евакуираат, затворајќи голем автопат и уништувајќи некои домови.

„Одлуката беше донесена рано бидејќи сакавме луѓето да можат да прават планови со своите семејства“, рече портпаролката на градот Флагстаф, Сара Ленгли.

Многу локални власти ја забранија употребата на огномет во услови на суша, дури и со раниот почеток на годишната сезона на дождови што доведе до поплави во југозападниот дел на САД.

Огнометот е секогаш забранет во националните шуми.

Пожарникарите во некои градови се загрижени дека откажувањето на локалните прослави може да ги поттикне луѓето сами да купуваат огномети.

„Загрижени за употреба на распрскувачи и оган во домовите“, рече портпаролот на противпожарната станица во Феникс Еван Гамаџ.

„Добиваме многу повици околу овој период од годината“, рече тој.

XS
SM
MD
LG