Секретарката за финансии на САД Џенет Јелен вчера рече дека американската економија забавува, но посочи на здравото вработување како доказ дека сè уште не е во рецесија.
Јелен зборуваше за Ен-Би-Си непосредно пред да бидат објавени низа извештаи за економијата оваа недела, која моментално е погодена од неконтролирана инфлација и зголемени каматни стапки.
Податоците ќе ги опфатат продажбата на нови домови, довербата на потрошувачите, приходите, трошоците, инфлацијата и целокупното производство.
Извештајот се очекува да биде објавен в четврток, кога Министерството за трговија ќе ја објави својата прва проценка за економијата во кварталот април-јуни.
Економијата се намали за 1,6 проценти од јануари до март. Два негативни извештаи се сметаат за неформална дефиниција за рецесија, иако во овој случај економистите мислат дека тоа е погрешно.
Националното биро за економски истражувања ја дефинира рецесијата како „значителен пад на економската активност што се шири низ економијата и трае повеќе од неколку месеци“.
Јелен тврди дека голем дел од економијата останува здрава: потрошувачките трошоци растат, финансиите на Американците, во просек, се солидни, а економијата додаде повеќе од 400.000 работни места месечно оваа година, што е стабилна бројка.
Стапката на невработеност е 3,6 проценти, што е на најниско ниво речеси половина.
„Имаме многу силен пазар на труд“, рече Јелен, и додаде: „Ова не е економија која е во рецесија“.
Сепак, Јелен призна дека економијата е „во период на транзиција во кој растот забавува“.
Извор: Асошиетед прес