САД ги поздравуваат важните чекори што Европската Унија ги презема за унапредување на интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантската заедница преку отворање на пристапните преговори на Албанија и Северна Македонија со ЕУ, рече претседателот Џо Бајден.
„Во моментот кога Русија го наруши мирот во Европа, поважно е од кога било да се поддржи стремежот за Европа цела, слободна и во мир. Демократски, безбеден и просперитетен Западен Балкан останува суштински за оваа визија. САД ќе продолжат да бидат силен и доверлив партнер додека тие држави работат на одбрана на човековите права, зајакнување на демократските реформи и поддржување на владеењето на правото“, рече Бајден, додавајќи дека „чекорите што ЕУ, Албанија и Северна Македонија ги презедоа во последните денови треба да ги инспирираат сите аспиранти за ЕУ во регионот да ја зголемат својата посветеност за зајакнување на нивните демократии“.
По 17 години од добивањето на кандидатскиот статус Северна Македонија денес ги почна пристапните преговори со Европската Унија.
Чекорот следи откако беше симната бугарската блокада со прифаќањето на „францускиот предлог“ и усвојувањето на преговарачката рамка во која се доби чисто именување на македонскиот јазик, без дополнителни фусноти.Бајден