Линкови за пристапност

САД и Франција зборувале за најновите случувања на патот на Северна Македонија кон ЕУ


Заменичката на државниот секретар на САД Венди Шерман разговарала со генералниот секретар на француското МНР за најновите случувања на патот на Албанија и Северна Македонија кон членство во ЕУ, соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс
Заменичката на државниот секретар на САД Венди Шерман разговарала со генералниот секретар на француското МНР за најновите случувања на патот на Албанија и Северна Македонија кон членство во ЕУ, соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс

Заменичката на државниот секретар на САД Венди Шерман денес зборувала со генералниот секретар на француското Министерство за надворешни работи Франсоа Делатр за најновите случувања на патот на Северна Македонија кон Европската Унија, соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

„Заменик-секретарот Шерман и генералниот секретар Делатр разговараа и за најновите случувања на патот на Албанија и Северна Македонија кон членство во ЕУ“, се вели во изјавата на Прајс.

Прајс изјави дека тие разговарале и за тековните заеднички напори да се обезбеди поддршка за Украина и да се повика Русија на одговорност поради „нејзината неиспровоцирана и неоправдана војна“.

„Двајцата зборуваа за важната работа за ублажување на предизвиците за глобалната безбедност на храната што произлегуваат од активностите на Кремљ“, соопшти меѓудругото Прајс.

Денес, пленарната седница за информацијата на Владата за францускиот предлог се одвиваше во тензична атмосфера, во која пратениците од власта и опозицијата си разменуваа навреди и обвинувања.

Беше спречена и физичка пресметка меѓу пратеникот од СДСМ Мартин Костовски и претседателот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев.

Собраниската седница продолжува утре во 11 часот, а право на збор имаат уште тројца пратеници, по што ќе треба да се гласа за заклучокот и информацијата на Владата околу францускиот предлог.

XS
SM
MD
LG