Линкови за пристапност

Новата подваријанта на омикрон не предизвикува потешка болест, рече Фаучи


Новата подваријанта на ковид сега сочинува 65 проценти од случаите во САД, соопшти ЦДЦ
Новата подваријанта на ковид сега сочинува 65 проценти од случаите во САД, соопшти ЦДЦ

Белата куќа најави дека ќе обезбеди достапност на вакцини, бустери, третмани и тестирања за ковид-19, како што брзо се шири подваријанта на омикрон БА.5, која сега стана доминантна во САД.

„Во моментов, многу Американци се недоволно вакцинирани“, рече д-р Рошел Валенски, директорка на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), која рече дека вакцинирањето против ковид-19 обезбедува најдобра заштита од тешки исходи.

Подваријантата, за која ЦДЦ вели дека сочинува 65 проценти од варијантите кои циркулираат во САД, најверојатно може полесно да се шири и покрај вакцинацијата или природниот имунитет.

Главниот советник на американскиот претседател Џо Бајден, д-р Ентони Фаучи, рече дека подваријантата не предизвикува потешка болест или хоспитализација во споредба со другите подваријанти.

„Варијантите ќе продолжат да се појавуваат. Вирусот циркулира глобално и во оваа земја. Не треба да дозволиме да ги наруши нашите животи, но не можеме да негираме дека тоа е реалност со која треба да се справиме“, рече Фаучи.

Белата куќа вели дека ќе се фокусира на засилувачи, тестирање дома, ставање на располагање добри маски и поддршка на луѓето кои се со намален имунитет.

„Можеме да спречиме сериозни болести; можеме да ги држиме луѓето надвор од болница, а особено надвор од одделенијата за итни слуачи. Можеме да спасиме животи и можеме да ги минимизираме нарушувањата предизвикани од ковид-19. Дури во услови на BA.5, алатките што се на располагање продолжуваат да функционираат“, рече Ашиш Џа, координатор за одговор на ковид-19 во Белата куќа.

„Ние сме во точка на пандемијата каде што повеќето смртни случаи од ковид-19 може да се спречат“, рече тој.

Дел од информациите во овој текст се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG