Линкови за пристапност

Администрацијата за храна и лекови на САД ја одобри ковид вакцината на Новавакс


Новавакс е потрадиционален тип на вакцина од оние на „Фајзер“ и „Модерна“, па експертите очекуваат повеќе Американци да одлучат да се вакцинираат
Новавакс е потрадиционален тип на вакцина од оние на „Фајзер“ и „Модерна“, па експертите очекуваат повеќе Американци да одлучат да се вакцинираат

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) вчера ја одобри вакцината на Новавакс за возрасни, давајќи им на Американците уште еден избор на вакцина против ковид-19.

„Значи, ФДА ни даде овластување за итна употреба, а тоа е да овластиме нашата вакцина да се користи во две дози за сите возрасни постари од 18 години. Нашето очекување од разговорите со ФДА е дека потоа ќе се прошири за да ги вклучи адолесцентите, ќе вклучи дози за засилување, бидејќи тие ги прегледуваат податоците што веќе ги имаат при рака“, изјави Стенли Ерик од Новавакс.

Новавакс е потрадиционален тип на вакцина од оние на „Фајзер“ и „Модерна“ кои веќе се користат за заштита на повеќето Американци.

Експертите очекуваат дека барем дел од милионите невакцинирани ќе одлучат да се вакцинираат поради поконвенционалната технологија.

Центрите за контрола и превенција на болести сè уште мора да препорачаат како да се користи вакцината на Новавакс пред да почне имунизацијата.

САД купиле 3,2 милиони дози.

XS
SM
MD
LG