Линкови за пристапност

Разговори за борбата против климатските промени во Берлин


Дводневниот собир се случува во време кога светот се опоравува од економските последици од пандемијата на ковид-19 и војната во Украина
Дводневниот собир се случува во време кога светот се опоравува од економските последици од пандемијата на ковид-19 и војната во Украина

Високи претставници од околу 40 земји се состануваат во Берлин на разговори за тоа како да се задржи фокусот на борбата против климатските промени, објави Асошиетед прес.

Ова доаѓа во време кога светот се опоравува од економските последици од пандемијата на ковид-19 и војната во Украина.

Организаторите го наведоа дводневниот собир во Берлин како можност за обнова на довербата меѓу богатите и сиромашните нации пред овогодинешниот самит на ОН за климата во Египет во ноември.

Техничките разговори минатиот месец постигнаа мал напредок за клучните прашања, како што е климатската помош за земјите во развој.

Германската претставничка за климата Џенифер Морган изјави за Асошиетед прес дека богатите нации мора да „покажат поголема солидарност“ кон сиромашните земји кои веќе ги трпат последиците од климатските промени.

XS
SM
MD
LG