Линкови за пристапност

Врховниот суд ја ограничи владата на САД во борбата против климатските промени


Судот донесе одлука Агенцијата за заштита на животната средина да нема широки овластувања да ги регулира емисиите на стакленички гасови од електраните
Судот донесе одлука Агенцијата за заштита на животната средина да нема широки овластувања да ги регулира емисиите на стакленички гасови од електраните

Врховниот суд на САД денес го ограничи начинот на кој главниот закон на државата против загадувањето на воздухот може да се користи за намалување на емисиите на јаглерод диоксид од електраните, објави Асошиетед прес.

Со 6 наспроти 3 гласа, со мнозинство конзервативци, Судот рече дека Законот за чист воздух не ѝ дава на Агенцијата за заштита на животната средина широки овластувања да ги регулира емисиите на стакленички гасови од електраните, кои придонесуваат за глобалното затоплување.

Одлуката на Судот може да ги искомплицира плановите на администрацијата на Бајден за борба против климатските промени, чиј предлог за регулирање на емисиите на електраните се очекува до крајот на годинава.

Претседателот Бајден има цел да ги намали на половина емисиите на стакленички гасови во државата до крајот на деценијата и да има енергетски сектор без емисии до 2035 година.

Електраните сочинуваат приближно 30 проценти од производството на јаглерод диоксид.

XS
SM
MD
LG