Линкови за пристапност

Францускиот предлог ќе оди на пленарна седница на Собранието, датумот не е прецизиран


„Согласно Деловникот, претседателот соодветно ќе информира за датумот за свикување на пленарната седница на чиј што дневен ред ќе биде Информацијата Информација за содржината на предлог-преговарачката рамка“, соопштија од Собранието
„Согласно Деловникот, претседателот соодветно ќе информира за датумот за свикување на пленарната седница на чиј што дневен ред ќе биде Информацијата Информација за содржината на предлог-преговарачката рамка“, соопштија од Собранието

Францускиот предлог, кој владата го достави до парламентот, ќе оди на пленарна седница на Собранието. Така реши спикерот Талат Џафери по денешната координација со претставниците на пратеничките групи, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

„Согласно Деловникот, претседателот соодветно ќе информира за датумот за свикување на пленарната седница на чиј што дневен ред ќе биде Информацијата Информација за содржината на предлог-преговарачката рамка“, соопштија од Собранието.

Кога ќе биде тоа, засега не се прецизира.

Опозицијата останува на барањето формално да ѝ бидат доставени сите документи од предлогот, иако владата уште минатата недела го објави целиот француски пакет.

„Прво да добиеме материјал, да го разгледаме, да се вклучат сите чинители зашто ракциите се се погласни и од партии и од граѓанското општетсво. Добро е да се слушнат сите, па потоа да се носат заклучоци, вака да се носат избрзано заклуоци, знаете како завршуваат“, вели Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата е договорено пратениците од опозицијата да ги добијат материјалите кои ги бараат и врз основа на кои треба да се изготват заклучоци.

„Заклучоците се ставаат на гласање и врз основа на тие предлог-заклучоци пратениците се изјаснуваат. Од друга страна, имавме предлози за промени во преговарачката рамка што не се возможни. Значи, не е возможно ние да ја задолжиме Владата да ја промени преговарачката рамка, која што ја доставува ЕУ. По таа логика би требало ние да ја задолжиме ЕУ да ја промени преговарачката рамка“, рече Јован Митревски од СДСМ.

Мнозинството повторно уверува дека ништо не се прави тајно и дека целиот процес е крајно транспарентен.

„Нема ништо спорно. Битката против лажните вести кои се кројат во центри кои не саката да ја видат С Македонија во Европа можеме да ја добиеме само со транспарентна објава на сите документи. Се` уште преовладува мислењето дека македонскиот јазик не е загарантиран, а е загарантиран засекогаш ако сега го прифатиме предлогот“, изјави Арбор Адеми од ДУИ.

Во екот на зовриената домашна политичка атмосфера и поделеноста во општеството околу содржината на предлогот, германскиот канцелар Олаф Шолц, кој неодамна беше во Скопје во отворено писмо насловено како „Ние сакаме Северна Македонија да стане членка на ЕУ!“ им се обрати на граѓаните на земјава.

„Јас Ве разбирам кога ќе кажете: Нам ни беше предолго и премногу ветувано. Тоа што се бараше од нас беше премногу. Јас го разбирам Вашиот сомнеж дали со овој чекор навистина ќе се отвори патот за влез во ЕУ.... Ние Ве сакаме Вас, драги Македонки и Македонци, зачленети во една унија во која се чуваат и се негуваат Вашите и нашите културни особености, нашите различни јазици и нашите идентитети. Тоа нè прави заедно силни...“, порача германскиот канцелар во отвореното писмо до граѓаните.

XS
SM
MD
LG