Линкови за пристапност

Го поздравуваме предлогот за компромис, одлуката на Собранието ќе биде важна да се оди напред, изјавија Блинкен и Борел


Европската Унија и САД се посветени на поблиска соработка на Западен Балкан. Обезбедувањето стабилност и просперитет и остварување на нивната европска и евроатлантска иднина останува наша заедничка цел, се вели во заедничката изјава
Европската Унија и САД се посветени на поблиска соработка на Западен Балкан. Обезбедувањето стабилност и просперитет и остварување на нивната европска и евроатлантска иднина останува наша заедничка цел, се вели во заедничката изјава

Го поздравуваме предлогот за компромис кој ги зема предвид интересите и грижите и на Северна Македонија и на Бугарија заснован на меѓусебно почитување, доверба и разбирање, се вели во заедничката изјава на државниот секретар на САД Ентони Блинкен и Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел.

„Суверената одлука на Собранието на Северна Македонија ќе биде важна за да се придвижи напред. Овој дух на конструктивен компромис врз кој се гради европската интеграција треба да продолжи да ги инспирира сите кои се вклучени во овој историски процес“, се вели во изјавата.

Во неа се додава дека „Европската Унија и САД се посветени на поблиска соработка на Западен Балкан. Обезбедувањето стабилност и просперитет и остварување на нивната европска и евроатлантска иднина останува наша заедничка цел“.

Блинкен и Борел велат дека во овој критичен момент од европската историја, обележан со неоправданата агресија спроведена од Русија против Украина, унапредувањето на патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ е клучно за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот европски континент.

„Водени од заедничките вредности и стандардите и одредниците на ЕУ, двете земји се подготвени да го направат следниот чекор кон членство во ЕУ“, изјавија тие.

XS
SM
MD
LG