Русија рече дека нема да испрати убави зборови за одбележување на Денот на независноста на САД.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека честитките „едвај може да се сметаат за соодветни“ и ги наведе, како што рече, „непријателските политики“ на САД.
САД се спротивставија на руската војна во Украина, испраќајќи оружје и помагајќи во обуката на украинските сили, а истовремено ги предводат напорите за воведување санкции против Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе празникот на претходните американски лидери, вклучувајќи ги и поранешните претседатели Доналд Трамп и Барак Обама.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес на Твитер ја испрати својата желба за „мир и просперитет“ на американскиот претседател Џо Бајден и на американскиот народ.
„Ја ценам лидерската помош на САД во одбраната на Украина на заедничките вредности - слободата, демократијата и независноста“, напиша Зеленски.
Дел од информациите во текстот се преземени од Ројтерс