Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе бидат домаќини на четврти јули во Белата куќа каде што ќе прават скара за воените семејства. Подоцна во текот на денот, тие ќе го гледаат огнометот за Денот на независноста во Националното шеталиште во Вашингтон.
Четврти јули можеби е најпатриотскиот ден во американскиот календар. Денот на независноста ја слави одлуката на 13-те првични колонии да се откажат од британското владеење и да ги формираат Соединетите американски држави. Сепак, таа одлука не се случи на 4-ти јули.
Претставниците на колониите всушност гласале за независноста на 2-ри јули 1776-та година. Два дена подоцна, тие ја одобриле Декларацијата за независноста. Многумина веруваа дека земјата треба да слави на 2-ри јули, годишнината од гласањето.
Модерните прослави на четврти јули вклучуваат паради, излети, политички говори и огномет.
Сепак, ропството на Афроамериканците било широко практикувано во колониите додека основачите работеле на стекнување на сопствена независност од Британија.
Она што колонистите го сакале само за себе и очигледно не верувале дека и нивните робови имаат право, иако Декларацијата го вклучува овој пасус:
„Ние сметаме дека овие вистини се очигледни, дека сите луѓе се создадени еднакви, дека нивниот Создател им дал одредени неотуѓиви права, дека меѓу нив се Животот, Слободата и потрагата по среќа.
Америка оттогаш се бори со таа недоследност.