Линкови за пристапност

Европската комисија препорача Украина да добие кандидатски статус за ЕУ


Лидерите на ЕУ ќе се состанат подоцна овој месец за да ги разгледаат препораките на Комисијата, која предложи кандидатура и за Молдавија
Лидерите на ЕУ ќе се состанат подоцна овој месец за да ги разгледаат препораките на Комисијата, која предложи кандидатура и за Молдавија

Европската комисија препорача Украина да добие кандидат статус за членство во Европската Унија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес изјави во Брисел дека „сите знаеме оти Украинците се подготвени да гинат за европската перспектива, сакаме да го живеат со нас европскиот сон“.

Препораката е првиот чекор во долгиот процес да се стане членка на блокот. Лидерите на ЕУ ќе се состанат подоцна овој месец за да ги разгледаат препораките на Комисијата. ЕК препорача и кандидатура за Молдавија, но не и за Грузија.

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот премиер Марио Драги и претседателот Клаус Јоханис од Романија, вчера го посетија Киев во знак на поддршка за Украина во време на нејзината битка да ја одбрани руската инвазија.

„Тоа е важен момент. Тоа е порака за единство што им ја испраќаме на Украинците“, рече Макрон.

Сирените за воздушен напад се огласија кога започна нивната посета. По разговорите меѓу четворицата лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски, тие сигнализираа дека на Украина ќе ѝ биде понуден кандидатски статус во економскиот блок.

„Моите колеги и јас дојдовме овде во Киев денес со јасна порака: Украина припаѓа на европското семејство“, рече Шолц.

Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател, кој сега е заменик-шеф на Советот за безбедност на Кремљ, рече дека европските лидери се „стручњаци за жаби, џигер и тестенини“, и рече дека нивната посета не донела никаква корист.

„Повторно ветија членство во ЕУ и стари хаубици, треснаа малку вотка и, како пред 100 години, го вратија возот дома“, напиша тој на Твитер, додавајќи „и сето тоа е добро. Само дека ова не ја приближува Украина до мирот. И часовникот отчукува“.

Но, во ноќно видеообраќање, Зеленски рече дека му е важно да слушне дека европските лидери „се согласуваат дека крајот на војната и мирот за Украина треба да бидат такви какви што Украина ги гледа“.

Тој рече дека Украинците ќе продолжат да се борат за целата своја земја.

XS
SM
MD
LG