Линкови за пристапност

Зеленски објави дека руските сили окупираат околу 20 отсто од украинската територија


"Само замислете! Постојани борби, кои се протегаат по линијата на фронтот повеќе од илјада километри“, рече Зеленски пред Парламентот на Луксембург во виртуелен говор.
"Само замислете! Постојани борби, кои се протегаат по линијата на фронтот повеќе од илјада километри“, рече Зеленски пред Парламентот на Луксембург во виртуелен говор.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили окупираат околу 20 отсто од украинската територија. Во петок се одбележува 100-тиот ден од борбите кои продолжуваат на повеќе фронтови.

"Само замислете! Постојани борби, кои се протегаат по линијата на фронтот повеќе од илјада километри“, рече Зеленски пред Парламентот на Луксембург во виртуелен говор. Тој рече дека украинската област контролирана од силите на Москва е споредлива со цела Холандија.

Зеленски не кажа колкава територија има заземено Русија од почетокот на нејзината инвазија, 24 февруари. Москва го зазеде украинскиот полуостров Крим во 2014 година, а сепаратистите поддржани од Русија исто така зазедоа делови од источниот регион Донбас, каде борбите се најинтензивни.

Украина во четвртокот соопшти дека нејзините сили повторно зазеле 20 мали градови и села во регионот Керсон во јужниот дел на земјата.

Во меѓувреме, руските сили продолжија со нападот врз Сивиеродонецк, последниот голем град кој номинално го држи Украина во областа Луганск во источниот дел на земјата. Гувернерот на Луганск Серхи Хаидаи изјави дека Русија контролира околу 70 отсто од градот додека се воделе жестоки улични битки.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија ја презела контролата врз поголемиот дел од градот. Министерството соопшти дека украинските сили го контролираат главниот пат кон Сиевиродонецк, при што Русија остварува „стабилни локални придобивки, овозможени од големата концентрација на артилерија“.

Украински официјален претставник рече дека силите на Киев се надеваат дека ќе ја вратат територијата изгубена претходно во војната во јужна Украина, делумно за да ги врзат некои руски сили повеќе фокусирани на борбите во регионот на Донбас. Оценката на украинскиот лидер за војната дојде еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД ѝ даваат на Украина пакет од 700 милиони долари „понапредни ракетни системи и муниција“ за да помогнат во борбата против руската инвазија, која сега е во четвртиот месец.

Претставници на Белата куќа велат дека Украина ветила дека нема да ги истрела тие ракети на руска територија.

„Овој нов пакет ќе ги вооружи со нови способности и напредно вооружување, вклучително и ХИМАРС со муниција на бојното поле, за одбрана на нивната територија од рускиот напредок“, рече Бајден.

„Ние ќе продолжиме да го водиме светот во обезбедувањето историска помош за поддршка на борбата на Украина за слобода“. Бајден го користеше акронимот за артилериски ракетен систем со висока мобилност. Зеленски во своето дневно обраќање рече дека пакетот ХИМАРС е една ставка во списокот со „три важни вести“ за Украина.

Двете други точки се потезите на Европската унија „кон имплементација на шестиот пакет санкции“ против Русија, за кој Зеленски рече „првенствено се однесува на нафтата“, а исто така и фактот што „се повеќе амбасади“ продолжуваат со „своите полноправни активности во Киев.

XS
SM
MD
LG