Линкови за пристапност

Бајден најави почеток на Индо-пацифичката економска рамка како противтежа на кинеското економско влијание


На почетокот на настанот на Бајден му се придружија лично јапонскиот премиер Фумио Кишида и индискиот премиер Нарендра Моди.
На почетокот на настанот на Бајден му се придружија лично јапонскиот премиер Фумио Кишида и индискиот премиер Нарендра Моди.

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот го објави лансирањето на Индо-пацифичката економска рамка (ИПЕФ), која вклучува десетина индо-пацифички земји и е дизајнирана да обезбеди противтежа против кинеското економско влијание во регионот.

„Иднината на економијата на 21-от век во голема мера ќе биде напишана во Индо-Пацификот - во нашиот регион“, рече Бајден за време на настанот за лансирање на ИПЕФ.

„Ги пишуваме новите правила“, рече тој. Земјите кои се приклучуваат на почетокот од инцијативата се Австралија, Брунеи, Индија, Индонезија, Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Нов Зеланд, Филипините, Сингапур, Тајланд и Виетнам.

На почетокот на настанот на Бајден му се придружија лично јапонскиот премиер Фумио Кишида и индискиот премиер Нарендра Моди. ИПЕФ се смета за клучен чекор во напорите на САД за повторно ангажирање на Индо-пацифичките нации во трговијата повеќе од пет години откако Вашингтон се повлекоа од регионалниот сеопфатен трговски пакт, Транс-пацифичко партнерство, ТПП.

„Индо-пацифичката економска рамка е дел од посветеноста на претседателот Бајден да ги стави американските семејства и работници во центарот на економската и надворешната политика, истовремено зајакнувајќи ги нашите врски со сојузниците и партнерите со цел зголемување на заедничкиот просперитет и со цел дефинирање на претстојниот децении за технолошки иновации во глобалната економија“, изјави за новинарите во советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан.

Тајван не е вклучен и не е дел од првичното лансирање, и покрај фактот што Тајпеј е заинтересиран и неговото вклучување е поддржано од двопартиска група од 52 американски сенатори.

Документот за лансирање на ИПЕФ, „беше сосема јасен во упатувањето на заканите од Кина“, рече Елмс. „Ако го додадете Тајван на списокот со учесници на ИПЕФ, би можело да биде уште потешко да се задржите на сегашните потписници на ИПЕФ.

Кина е најголемиот економски партнер за сите членки кои учествуваат во ИПЕФ.

Трговската претставничка на САД, Кетрин Таи, рече дека е во разговор со нејзиниот колега од Тајпеј за да продолжи со подлабок билатерален ангажман во трговијата.

XS
SM
MD
LG