Украина соопшти дека нејзините сили ги потиснале руските трупи во регионот Харков во контраофанзива што им овозможила на Украинците да стигнат до руската граница.
Украинското Министерство за одбрана објави видео на кое се прикажани, како што рече, неговите војници на границата.
По Харков, вториот по големина град во Украина, украинските сили ја повратија територијата во регионот и се обидоа да ја потиснат Русија од нејзината област во Изиум, бидејќи таа се фокусира на источниот регион Донбас.
„Кремљ посакуваше да ги освои Киев, Харков и Одеса, а потоа барем регионите Доњецк и Луганск“, напиша во понеделникот советникот на Зеленски, Михаило Подољак на Твитер. „Сега, руските трупи се концентрирани во регионот Луганск поради недостаток на сили.
Зеленски во видео обраќање доцна во неделата рече дека Украина се подготвува за нови руски напади во Донбас и јужна Украина.
„Окупаторите сè уште не сакаат да признаат дека се во ќорсокак и дека нивната таканаречена „специјална операција“ веќе банкротирала“, рече Зеленски.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен го увери украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за поддршката што Украина ја има од нејзините сојузници и разговараше за овонеделните состаноци на Групата седум индустриски развиени земји и министрите за надворешни работи на НАТО.
Некои информации се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.