Линкови за пристапност

Борел притиска за решение за блокираните евроинтеграции на Скопје и Тирана поради бугарското вето


На одвоените разговори тема биле и отворените билатерални прашања како дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и блокираните евроинтеграции на Скопје и Тирана поради бугарското вето.
На одвоените разговори тема биле и отворените билатерални прашања како дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и блокираните евроинтеграции на Скопје и Тирана поради бугарското вето.

Импактот што рускиот напад на Украина го има врз Западен Балкан и како Европската унија да помогне во справувањето со негативните последици врз регионот како што се порастот на цените на енергенсите и храната.

Ова беше главната причина поради која високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жосеп Борел, ги повика лидерите од регионот на работна вечера во Брисел. Но, на одвоените разговори тема биле и отворените билатерални прашања како дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и блокираните евроинтеграции на Скопје и Тирана поради бугарското вето. Брисел, како што денеска изјавиja европски претставници, притиска за решение.

Борел бара решение за Скопје и Тирана за почеток на преговори во ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

„Продолжуваме да ги поддржуваме Бугарија и Северна Македонија во изнаоѓањето заеднички прифатливо решение за отворените билатерални прашања за да се придивижиме кон формален почеток на пристапните преговори за кои се надеваме дека ќе се случат што е можно поскоро“, изјави Ана Писонеро, портпаролка на ЕК.

Во официјалното соопштение од кабинетот на Борел не се наведуваат детали од разговорите со македонскиот премиер.

Ковачевски, пак, самиот изјави кои му се главните пораки за врвот на Унијата.

„За Северна Македонија со потпретседателот Борел дискутиравме за потребата од итно отворање на преговорите и одржување на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија, бидејќи проширувањето на ЕУ не е само политички процес, туку во поглед на новиот гео-политички развој, особено поради војната во Украина, веќе станува и безбедносно прашање во регионот на Западен Балкан“, истакна Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Дебатата за динамиката за проширување на Унијата кон Западен Балкан ќе продолжи в понеделник кога во Брисел шефовите на европските дипломатии во рамките на Советот за надворешни работи ќе дискутираат за ова прашање. Најавено е и присуство на министри за надворешни работи од регионот.

Дали во јуни ќе има напредок во македонските евроинтеграции ќе зависи од одлуките што ќе ги носи официјална Софија во наредниот период. Впечатокот е дека бугарскиот премиер Кирил Петков е подготвен за компромис - определба која не ја делат сите коалициски партнери кои се дел од неговата влада.

XS
SM
MD
LG