Линкови за пристапност

По барање на САД, Фиџи заплени луксузна јахта на руски олигарх


Запленета јахта во Шпанија на руски олигарх
Запленета јахта во Шпанија на руски олигарх

Jахтата на уште еден руски олигарх беше запленета во четвртокот како дел од напорите да се казни Русија поради нејзината војна во Украина.

На барање на САД, властите на Фиџи конфискувале јахта од 300 милиони долари што му припаѓала на Сулејман Керимов, соопшти Министерството за правда.

Официјални лица велат дека јахтата е во Лаутока, Фиџи.

Јахтата на Керимов, Амадеа под знамето на Кајманскиот остров, наводно е на Фиџи од минатиот месец, пристигнувајќи од Мексико.

Адвокатите на одбраната тврдеа дека бродот му припаѓал на друг олигарх. Керимов веќе беше санкциониран од САД во 2014 и 2018 година за активностите на Русија во Сирија и Украина.

И Европската унија го санкционираше. Во март, американската влада објави сеопфатни напори за идентификување и запленување на имотот на богатите Руси кои ја поддржуваа владата на рускиот претседател Владимир Путин, како дел од одговорот на инвазијата на Москва на Украина на 24 февруари.

Иницијативата, предводена од Одделот за правда, е наречена Task Force Klepto Capture.

Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд изјави во четвртокот во изјавата дека „нема скривалиште за имотот на криминалците блиски до рускиот режим“. Тој, исто така, рече: „Одделот за правда ќе биде немилосрден во нашите напори да ги повикаме на одговорност оние кои се поддржувачи на смртта и уништувањето на кои сме сведоци во Украина“. Во април, на повик на САД, шпанските власти запленија јахта на рускиот олигарх Виктор Векселберг, сопственик на рускиот конгломерат Ренова Груп.

Минатата недела, Претставничкиот дом на САД усвои мерка што ќе и овозможи на американската влада да продава одземени руски имоти во вредност од над 2 милиони долари во корист на Украина. Следниот чекор на за усвојување на мерката е во Сенатот.

(Некои информации во овој извештај доаѓаат од Ројтерс.)

XS
SM
MD
LG