Линкови за пристапност

Кинеските компании на крстопат дали да ја напуштат Русија поради војната во Украина


Кинеските претпријатија се заглавени меѓу високиот ризик за нарушување на репутацијата со останување во Русија за време на нејзината војна против Украина и промосковскиот сентимент што доминира во кинеските медиуми контролирани од државата.

Досега повеќето компании, одбраа да молчат. Според Факултетот за менаџмент Јеил, повеќе од 400 компании најавија повлекување од руската економија откако Путин ја започна војната на 24 февруари. Повеќето се со седиште во САД, Европската унија, Јапонија и Јужна Кореја.

https://som.yale.edu/story/2022/over-400-companies-have-withdrawn-russia-some-remain

Салваторе Бабонес, вонреден професор на Универзитетот во Сиднеј со експертиза во политичката економија на Индо-пацифичкиот регион, рече дека за компаниите надвор од Кина, желбата да се одржи позитивен јавен имиџ го поттикнала нивното повлекување од Русија.

„Ризикот да се остане во Русија е репутација“, изјави тој за Гласот на Америка на мандарински во телефонско интервју.

„Русија е релативно мал пазар и во моментов има огромна јавна реакција против Русија. Тие (компаниите) реагираат на притисокот на потрошувачите“. Увозот на Русија од Кина изнесуваше околу 54,9 милијарди долари во 2020 година. Кина е најголемиот извор, по што следи Германија со 23,4 милијарди долари и САД со нешто повеќе од 13,2 милијарди долари, според веб-страницата Trading Economics, која користи бројки од Обединетите нации.

https://tradingeconomics.com/russia/imports-by-country

За споредба, страницата известува дека извозот на Кина во САД во 2020 година изнесувал 452,6 милијарди долари. Ден Харис, трговски адвокат кој е специјализиран за водење бизнис на пазарите во развој и ко-автор на кинески блог, https://harrisbricken.com/chinalawblog рече дека деловната пресметка е променета поради санкциите наметнати на Русија.

XS
SM
MD
LG