Линкови за пристапност

Сенатот одобри 13,6 милијарди долари за помош на Украина


Му ветивме на украинскиот народ дека нема да одат сами во борбата против Путин, рече лидерот на сенатското мнозинство Чак Шумер непосредно пред гласањето
Му ветивме на украинскиот народ дека нема да одат сами во борбата против Путин, рече лидерот на сенатското мнозинство Чак Шумер непосредно пред гласањето

Конгресот на САД ја одобри воената и хуманитарна помош од 13,6 милијарди долари за Украина и нејзините европски сојузници, објави Асошиетед прес.

По инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин убивајќи илјадници и принудувајќи над 2 милиони други да избегаат, Сенатот го одобри целиот пакет од 1,5 трилиони долари.

Главен фокус на демократите и републиканците оваа изборна година се зголемената инфлација, енергетската политика и долготрајните ковид рестрикции, но тие се согласија за испраќање помош за Украина, чија борба е инспирација за многу гласачи.

„Му ветивме на украинскиот народ дека нема да одат сами во борбата против Путин“, рече лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер непосредно пред гласањето.

Претставничкиот дом во средата го усвои нацрт-законот.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека одобрувањето „уште еднаш докажува дека двете страни може да се здружат за да дадат резултати за американскиот народ“.

Околу половина од финансиската помош од 13,6 милијарди долари е наменета за вооружување и опремување на Украина и за трошоците на Пентагон за испраќање американски трупи во другите источноевропски земји, а голем дел од останатите пари се предвидени за хуманитарна и економска помош, зајакнување на одбраната на регионалните сојузници и заштита на нивните енергетски резерви и потребите за сајбер безбедност.

XS
SM
MD
LG