Линкови за пристапност

Изгаснат пожарот во украинската нуклеарна централа, објектот под руска контрола


Според украинските власти, нема промени во нивото на радијацијата. На пожарникарските служби им било дозволено да пристапат на теренот, за да спречат поголема хаварија

Според украинските власти, изгаснат е пожарот во нуклеарната централа „Запорожје“, која сега е во руски раце.

Пожарот избувнал доцна синоќа, за време на судир меѓу украинските и руските сили за преземање контрола врз централата.

Според украинските власти, нема промени во нивото на радијацијата. На пожарникарските служби им било дозволено да пристапат на теренот, за да спречат поголема хаварија.

Престрелки и пожар кај најголемата нуклеарна централа во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:15 0:00

После избувнувањето на пожарот, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за нуклеарен тероризам. Поради инцидентот, Зеленски имал и телефонски разговори со американскиот претседател Џо Бајден и со други европски лидери.
Американскиот оддел за енергија, како превентива ја активираше единицата за справување со нуклеарни катастрофи.

„Запорожје“ е најголемата нуклеарна централа во Европа. Според украинското тело за регулација на нуклеарната енергија, евентуална катастрофа во таа централа би можела да има многу поголеми последици од катастрофата во Чернобил и од Фукушима.

(Извор: Асошиејтед прес)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG