Линкови за пристапност

Зеленски нареди воени вежби за доброволци, опозицијата вели дека државата не е добро подготвена за војна


Украинскиот претседател, во телевизиско обраќање вчера, рече дека руската закана за суверенитетот на Украина го натерала да ги повика резервистите на активна должност, но, рече дека цивилите треба да продолжат со нивниот нормален живот
Украинскиот претседател, во телевизиско обраќање вчера, рече дека руската закана за суверенитетот на Украина го натерала да ги повика резервистите на активна должност, но, рече дека цивилите треба да продолжат со нивниот нормален живот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика армиските резервисти и нареди воени вежби за доброволци во новосоздадените бригади за територијална одбрана, но, високи опозициски пратеници и поранешни министри стравуваат дека земјата е лошо подготвена за војна со Русија, и покрај нивните молби до Владата да се организира.

Со зголемувањето на веродостојни извештаи за повеќе руски сили кои преминуваат во отцепените републики од Москва во источниот регион Донбас во Украина, опозициските партии повикуваат за многу поинтензивно воено планирање.

Тие бараат Владата сериозно да започне да подготвува наредби за цивилна одбрана и да ги мобилизира Украинците.

Зеленски, во телевизиско обраќање вчера, рече дека руската закана за суверенитетот на Украина го натерала да ги повика резервистите на активна должност, но, тој ги повика цивилите да продолжат со својот нормален живот.

Во неговиот краток говор во понеделникот, тој рече: „Во однос на безбедноста и одбраната денес нема потреба од општа мобилизација. Треба веднаш да ја надополниме украинската Армија и другите воени формации“.

Зеленски со недели зборуваше дека Украинците треба да останат смирени, а претходно овој месец јавно ги прекоруваше американските политичари за предупредување за неизбежна инвазија, велејќи дека тоа ѝ штети на економијата на Украина и ризикува непотребно да ги паничи Украинците.

Тој е воздржан во планирањето на одбраната поради истата причина, изјавија украински политичари за Гласот на Америка.

Ивана Климпуш, поранешен заменик-премиер во владата на Петро Порошенко, а сега пратеник, вели дека Зеленски бил премногу бавен да ја подготви Украина за егзистенцијална војна.

Таа не се сомнева дека рускиот претседател Владимир Путин методично ги распоредува своите сили на границите на нејзината земја, и оти сериозно одбранбено планирање требало да биде во тек многу порано.

Со месеци таа и некои други опозициски пратеници се обидуваа да добијат дополнителни средства за вооружените сили на Украина, но легислативата не помина.

Украина денес ги поздрави санкциите за Русија за нејзините активности во источна Украина, но, повика да се воведат уште во брзо време, велејќи дека тие се неопходни за да се спречи рускиот претседател Владимир Путин од натамошна агресија.

„Првите одлучни чекори беа преземени вчера и ние сме благодарни за нив“, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој додаде дека „сега притисокот треба да се зголеми за да се стопира Путин. Погодете ги неговата економија и помошници. Удрете повеќе, поцврсто и сега“.

САД, Европската Унија, Канада, Британија и Германија, вчера воведоа санкции и најавија уште потешки мерки ако Русија делува понатаму.

XS
SM
MD
LG