Линкови за пристапност

Бајден: Инвазија на Украина е „се уште можна“, поттикнува на дипломатија


Вашингтон апелира до Москва да остане на дипломатија за де-ескалирање на тензијата по должина на украинската граница, или да се соочи со тешки последици
Вашингтон апелира до Москва да остане на дипломатија за де-ескалирање на тензијата по должина на украинската граница, или да се соочи со тешки последици

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот кажа дека Вашингтон верува оти руската инвазија на Украина „се уште е голема можност“ и апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да продолжи со разговорите - или ризикува тешки последици.

„Втората светска војна беше војна на неопходност“, рече Бајден. „Но, ако Русија ја нападне Украина, тоа би било војна по избор или војна без кауза или резон. Ова го зборувам не како провокација, туку зашто е вистина, бидејќи вистината е важна. Одговорноста е важна. Ако Русија навистина изврши инвазија во наредните денови и недели, човечката цена за Украина ќе биде огромна, а стратешката цена за Русија исто така ќе биде огромна. Ако Русија ја нападне Украина, ќе наиде на огромна меѓународна осуда. Светот нема да заборави дека Русија избра непотребна смрт и уништување. Инвазијата на Украина ќе се покаже како самонанесена рана. САД и нашите сојузници и партнери ќе одговорат одлучно“.

Во вторникот, Путин рече дека е подготвен за преговори со САД и нивните сојузници во НАТО за ракетното распоредување и воени вежби во Европа, откако Москва објави дека повлекува дел од војниците долж границата со Украина.

„Тоа би било добро“, рече Бајден, повторувајќи го скептицизмот искажан од украинските и официјалните претставници на НАТО, „но ние сè уште не сме го потврдиле тоа. Сè уште не потврдивме дека руските воени единици се враќаат во сопствените бази. Всушност, нашите аналитичари укажуваат дека тие остануваат во многу заканувачка позиција. И останува фактот дека Русија има повеќе од 150.000 војници кои ги опколуваат Украина и Белорусија и по должина на украинската граница“.

И ако Русија преземе акција, рече тој - дури и преку виртуелна инвазија - Бајден предупреди на големи последици.

„Ние не бараме директна конфронтација со Русија“, рече Бајден. „Јасен бев дека ако Русија цели на Американци во Украина, ние ќе одговориме силно. Ако Русија ги нападне САД или нашите сојузници преку асиметрични средства, како што се нарушувачки кибернетски упади во наши компании или во критична инфраструктура, ние сме подготвени да одговориме“.

XS
SM
MD
LG