Линкови за пристапност

Столтенберг ги поздрави сигналите од Москва, но, рече дека нема знаци за деескалација на терен


Тој рече дека Русија често остава зад себе воена опрема по вежбите, оставајќи им можност на силите да се регрупираат
Тој рече дека Русија често остава зад себе воена опрема по вежбите, оставајќи им можност на силите да се регрупираат

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека најголемата западна воена алијанса ги поздравува сигналите од Москва дека можеби би сакала да ги продолжи дипломатските разговори за европската безбедност и да ги повлече трупите подалеку од украинската граница.

„Ова е основа за претпазлив оптимизам“, рече Столтенберг, но, нагласи дека „досега не сме виделе никаков знак за деескалација на терен од руска страна“.

Тој рече дека Русија често остава зад себе воена опрема по вежбите, оставајќи им можност на силите да се регрупираат.

Русија денес соопшти дека дел од нејзините сили распоредени во близина на Украина ќе се вратат во своите бази по завршувањето на воените вежби.

Во изјавата, портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков, рече дека големите вежби низ земјата ќе продолжат, но, оти некои единици од јужниот и западниот воен округ ги завршиле вежбите и почнале да се враќаат во базата.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков рече дека „отсекогаш велиме дека трупите ќе се вратат во нивните бази по завршување на вежбите. Ова е случај и овојпат“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денес отпатува за Москва за да разговара за руско-украинската криза со рускиот претседател Владимир Путин, откако Германија повика на мирно решение преку дијалог и предупреди дека ситуацијата може да „ескалира во секој момент“.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека на Русија ѝ останува да ги повлече своите војници од областите долж границата со Украина.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби вчера за новинарите изјави дека „ Путин дополнително трупа воена опрема долж таа граница со Украина како и во Белорусија. Тој продолжува да ги прави работите што би се очекувале доколку планирате голема воена акција“.

Русија негира дека планира да ја нападне Украина, барајќи безбедносни гаранции од Западот дека НАТО нема да ја прими Украина како нејзина идна членка.

САД, НАТО и Украина го отфрлија тоа барање, велејќи дека земјите се слободни да склучуваат свои безбедносни договори.

XS
SM
MD
LG