Линкови за пристапност

Семејствата на македонските дипломати се евакуираат од Украина


Македонските дипломати, кои се вкупно двајца во амбасадата во Киев, ќе останат зашто, како што истакна министерот Бујар Османи, се есенцијални за функционирањето на нашето дипломатско претставништво

Македонското министерство за надворешни работи донело одлука да се евакуираат семејствата на дипломатите од амбасадата на Северна Македонија во Украина. Ова го соопшти министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој најави дека процесот на нивно повлекување ќе се одвива во текот на следните денови.

Македонските дипломати, кои се вкупно двајца во амбасадата во Киев, ќе останат зашто, како што истакна Османи, се есенцијални за функционирањето на нашето дипломатско претставништво.

За дипломатите констатиравме дека тие се есенцијален персонал за нашата амбасада. Тие ќе останат сè додека не донесеме поинаква одлука.
Бујар Османи

„За дипломатите констатиравме дека тие се есенцијален персонал за нашата амбасада. Тие ќе останат сè додека не донесеме поинаква одлука. Но, веќе имаме договор со земја сојузник и доколку има потреба за повлекување на дипломатите, тоа да се изведе преку сојузничка линија“, рече Османи на денешната средба со новинарите.

Bujar Osmani, Minister of foreign affairs of North Macedonia
Bujar Osmani, Minister of foreign affairs of North Macedonia

Министерот истакна дека во Украина има вкупно стотина македонски државјани. Триесетина од нив се дел од набљудувачката мисија на ОБСЕ и засега нема одлука за нивно повлекување.

За останатите четириесетина лица, Османи препорача самите да ја напуштат Украина, додека има можност за комерцијални летови.

Сепак, министерот додаде дека овие мерки не се со цел да се предизвика паника во Украина.

„Не сакам воопшто да внесеме неизвесност и страв во Украина со овие мерки што ги преземаме. Во целост сме во координација со нашите сојузници од НАТО и ЕУ“, рече Османи.

Министерот воедно додаде дека постојат серозни индиции за ескалација на состојбите во Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG