Линкови за пристапност

Разговаравме со Шолц да ја завршиме интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, рече Бајден по средбата со германскиот канцелар


Двајцата лидери рекоа дека работат заеднички за „натамошно одвраќање на руската агресија во Европа
Двајцата лидери рекоа дека работат заеднички за „натамошно одвраќање на руската агресија во Европа

Претседателот на САД Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц денес имаа разговор во Белата куќа за напорите за одвраќање на можна руска инвазија на Украина.

На заедничка прес-конференција по средбата, Бајден, меѓудругото, рече и дека двајцата лидери ја потврдиле „нашата заложба да ја завршиме работата со интеграцијата на Западниот Балкан во европските институции“.

На почетокот на нивниот разговор, Шолц и Бајден ја истакнаа блиската соработка меѓу двете држави.

Тие сепак имаат различен пристап при помош на Украина, односно САД испраќаат оружје на Владата во Киев, додека Германија испраќа 5.000 воени шлемови на барање на Украина, задржувајќи ја позицијата да не испраќа оружје во конфликтна зона.

И покрај тоа, Бајден рече дека двете држави работат заеднички за „натамошно одвраќање на руската агресија во Европа.

Шолц одговори „ние сме најблиски сојузници и интензивно работиме заедно. И ова е неопходно за да ги преземеме потребните чекори, на пример, борејќи се против руската агресија кон Украина“.

Двете НАТО држави изразија поддршка за зајакнување на позициите на НАТО трупите во источниот дел на Алијансата, со наредбата на САД за испраќање дополнителни сили во Полска и Романија, додека Шолц вчера рече дека е отворен за зацврстување на борбената група во Литванија предводена од Германија.

Освен за руско-украинскиот конфликт, Бајден рече дека двајцата лидери разговарале за предизвиците од Кина, пандемијата на коронавирус, климатските промени и други прашања.

Дел од информациите се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG