Линкови за пристапност

ЦДЦ: Помалку тешки болести произлегле од омикрон


People wearing face masks pass by a poster of precautions against coronavirus at a subway station in Seoul, South Korea, Jan. 25, 2022.
People wearing face masks pass by a poster of precautions against coronavirus at a subway station in Seoul, South Korea, Jan. 25, 2022.

Истражувачите од Центрите за контрола и превенција на болести во САД велат дека помалку тешки болести произлегле од појавата на омикрон, и покрај неговата наголемо заразна природа.

Студијата објавена оваа недела од федералната здравствена агенција покажа дека бројот на пациенти примени на Одделите за интензивна нега меѓу 19 декември и 15 јануари, периодот кој се смета за врв на бранот омикрон, бил околу 26 отсто помал од претходната појава на сојот делта, и 29 отсто помал од минатогодишниот наплив на нови инфекции со Ковид-19 во текот на зимските месеци.

Студијата на ЦДЦ, исто така, покажа дека просечниот престој во болница за заразените пациенти бил околу 5,5 дена за време на периодот на омикрон, во споредба со 7,6 дена за време на бранот предизвикан од делта, и околу осум дена за време на минатогодишниот зимски бран.

Истражувачите велат дека помалиот број на тешки случаи на СОВИД-19 за време на напливот на омикрон се должи на неколку фактори, вклучително и големиот број Американци кои биле вакцинирани и примиле трети дози вакцини или бустери, заедно со растечкото ниво на стекнат имунитет од претходни инфекции.

XS
SM
MD
LG