Линкови за пристапност

Што е имунитет на стадо?


Што е имунитет на стадо?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00

На почетокот на пандемијата, имунитетот на стадо честопати се нарекуваше долгорочна цел во борбата против ковид-19, болеста предизвикана од коронавирусот. Епидемиолозите го нарекуваат имунитетот на стадо како пресвртна точка

Што е имунитет на стадо?

Имунитет на стадо е кога значителен дел од заедницата е имун на заразна болест, што го отежнува ширењето на болеста.


Како функционира имунитетот на стадо?

Имунитетот на стадото нуди заштита на целата заедница и може да се постигне или преку закрепнување од претходна инфекција или преку вакцинација.

Штом луѓето ќе добијат заштита од заразна болест како што е ковид-19, тоа го отежнува ширењето на болеста во заедницата, дури и на оние кои не можат да се вакцинираат поради сериозни алергиски реакции на вакцините.

Претставниците на јавното здравство велат дека не е познато колку долго може да трае имунитетот на стадо.


Колку е ефикасна вакцинацијата во имунитетот на стадо?

Процентот на луѓе кои треба да се вакцинираат за да се постигне имунитет на стадо зависи од болеста. На пример, околу 95 отсто од населението треба да се вакцинира за да се постигне имунитет на стадото за мали сипаници. За полио, тоа беше околу 80 отсто.


Колкав е процентот потребен за имунитет на стадо од ковид-19?

Во моментов не е познато колку луѓе треба да се вакцинираат за да се здобијат со имунитет на стадо, што е отежнато со колебањето за вакцините и нееднаквиот пристап до вакцините.

Сепак, здравствените власти велат дека вакцинацијата останува клучна за да не се разболат сериозно или да умрат од ковид-19. Клучно е и носењето маски и практикување социјално дистанцирање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG