Линкови за пристапност

Метју удри на источниот брег на Флорида


Ураганот досега однесе стотици животи на Карибите, вклучително и најмалку 400 само во Хаити

Ураганот Метју донесе силни ветришта и дождови во југоисточната сојузна држава Флорида.

Од Националниот метеоролошки центар велат дека Метју сега е ураган од трета категорија кој ги погодил крајбрежјето на централна Флорида и се движи на северо-запад достигнувајќи максимална брзина на ветрот од 195 километри на час.

На средба во Белата куќа со директорот на на федералната Агенцијата за менаџмент на кризни ситуации (ФЕМА) и други официјални лица, американскиот претседател Барак Обама ги потсети жителите на Флорида и другите погодени области дека невремето е далеку од завршено. Тој побара да се продолжи со следење на инструкциите на локалните официјални претставници за наредните 24, 48, 72 часа.

Ураганот Метју продолжува да предизвикува проблеми за патниците, со 4 500 откажани летови досега, од средата заклучно со сабота.

Невремето се движи на север, а така се движат и откажувањата на летовите, со тоа што Атланта, Чарлстон и Савана се најпогодени.

Една од областите кои се погодени од невремето е општината Бривард, каде се наоѓа центарот на НАСА „Кејп Канаверал.“

Од канцеларијата за Кризен менаџмент во Бривард соопштија дека наредиле задолжителна евакуација на 90.000 лица, но некои го игнорирале повикот.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот во претходните денови на неколку наврати ги повика жителите невремето да го земат предвид сериозно.

Во четвртокот на околу 1,5 милиони луѓе им беше наредено да се евакуираат во внатрешноста на оваа сојузна држава.

Ова е најсилната бура која му се заканува на атлантскиот брег по повеќе од една декада. Засолништата ширум јужна Флорида беа отворени за граѓаните и за бездомниците кои бараат заштита од бурата.

Многу корисници остана без електрична енергија.

Претседателот Обама објави вонредна состојба за Флорида, Џорџија и Јужна Каролина.

Обединетите нации веќе пристигнаа во областите во Хаити зафатени од ураганот Метју.

XS
SM
MD
LG