Линкови за пристапност

Ураганот Метју ги погоди Јамајка и Хаити


Најмалку четири жртви, илјадници евакуирани

Поплавени улици и голем број на луѓе во итна помош е епилогот од ураганот Метју, кој во понеделникот ги зафати Јамајка и Хаити.

Според информациите, регистрирани се два смртни случаи во Хаити, што значи дека ураганот однесе вкупно 4 човечки животи.

Ветриштата од 230 километри на час и поројните дождови на југозападниот брег на Хаити, доведоа до евакуација на околу 2000 луѓе.

Помеѓу 100. 000 и 500. 000 жители на Хаити се соочуваат со сериозен ризик од поплава бидејќи сиромашните квартови каде што живеат се наоѓаат во опасни зони.

Метеоролозите предупредуваат на огромни количества на дождови кои може да предизвикаат лизгање на земјиштето и поплави во густо населените места.

Aмериканскиот национален центар за урагани во Мајами рече дека средиштето на бурата ќе помине низ југозападниот дел на Хаити пред да стигне до источна Куба.

Властите на Јамајка, каде околу 150 000 луѓе можно е да бидат дислоцирани поради ураганот и Хаити, каде околу 2 милиони жители може да бидат загрозени ги охрабруваат жителите да се евакурираат на безбедни места.

Тимови од Обединетите Нации пристигнаа во двете земји со цел да им помогнат на тамошните власти.

Непосредно пред бурата илјадници луѓе слетаа со авиони на поморската база во заливот Гвантанамо, во Куба .

Американската морнарница објави дека луѓето во поморската база и притворниот центар на источниот крај на Куба се советуваат да се засолнат и дека била спроведена задожителна евакуација.

Голем број на затвореници се` уште се држат во притворниот центар и околу 5000 луѓе живеат во базата.

Американската Агенција за Меѓународен развој објави соопштение во кое се наведува дека службените лица се подготвени да „им помогнат на владите и општините во регионот“. Агенцијата испрати два тимови за одговор при катастрофи.

„Овие експерти будно ја следат насоката на движење на бурата и се во постојан контакт со властите на Јамајка, Хаити, Куба, Доминиканската Република, Бахамите и Белизе, со цел подобра кординација во случај на несреќа“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG